Двајца селектори за 30 години

Норвешка ќе постави нов рекорд со женската репрезентација. Од 1995 до 2025 само двајца селектори


Женската репрезентација на Норвешка е блиску до поставувањето на своевиден рекорд. Тие потпишаа нов договор со селекторот Торир Хергеирсон со што тој би требало да остане на клупата на Норвешка до 2025. Ако се случи тоа, Норвешка ќе запише дека од 1995 до 2025 само еднаш сменила селектор, во 2010 кога на местото на Марит Бревик која 15 години ја водеше Норвешка, дојде Хергеирсон кој исто така останува најмалку 15 години селектор. 

Звучи импозантно, но ниту Бревик ниту Хергеирсон не се рекордери, ниту во понова историја. Во продолжение ви претставуваме некои од најдолговечните селектори:

- Хајнер Бранд ја водеше машката репрезентација на Германија од 1997 до 2011.
- Клод Онеста ја водеше машката репрезентација на Франција без прекин од 2001 до 2016
- Оливие Крумхолц беше селектор на женската репрезентација на Франција од 1998 до 2013 и потоа од 2016 досега
- Бенгт Јохансон беше селектор на Шведска од 1988 до 2004
- Владимир Максимов со прекини ја водеше Русија од 1992 до 2012 (вкупно 13 од 20 години)
- Евгениј Трефилов ја водеше женската Русија 16 години, со еден прекин од три години од 2009 до 2012.

Во моментов селектор со најдолг стаж без прекин во Европа е Хергеирсон, иако Крумхолц имма вкупно повеќе години како селектор на  Франција. Кај машките репрезентации е селекторот на Белорусија, Јуриј Шевцов, тој е селектор од 2010 година. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk