РНЛ и натаму бара леви бекови

РНЛ откако го ослободи Филип Талески, не може да состави добра бековска линија


РНЛ имаше бековска линија што функционира сосема добро кога во составот им беше македонскиот репрезентативец Филип Талески, но сакаа повеќе. 
И платија големи пари за Роман Лагард, само да за видат дека не одиграле којзнае каков потег. Потоа одново почнаа да гледаат на пазарот, а во меѓувреме им замина и Мадс Менса Ларсен. 
Сега ќе се обидат одново, со нов, проврен играч. Мат Патраил, естонскиот ракометар не нивни нов играч. 

Мат Патраил мораше да замине од Хановер кога овој клуб се договори со Филип Кузмановски. И тој и Талески беа во игра за Минден. Но, овој клуб премногу одлоговлечи, па Талески дојде во Вардар, а некогашното негово место во РНЛ ќе го заземе Мат Патраил. 

На крајот, сите добија што посакуваа, освен споменуваниот Минден, кој си остана на свое. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk