Хорват: Да го вратиме Металург каде што му е место

Златко Хорват е денешната трансфер бомба што го раздрма македонскиот ракометен пазар, а ехо се слушна и насекаде низ Европа.
По 18 години минати во редовите на ППД Загреб, капитенот барем за една сезона се разделува со загрепскиот клуб и своето прво интернационално искуство ќе го има во скопски Металург. 



Металург направи одличен дил, а чувството дека е одигран вистински потег е обострано. Со посредство на неговиот менаџер, ја имаме и првата изјава на хрватскиот ракометар по денешниот потпис на едногодишен договор

„Не беше лесно да се напушти Загреб после толку години, каде што доживеат многу убави работи и тој клуб секогаш ќе биде во моето срце. Но, почувствував дека е момент за промена и мило ми е што доаѓам во Скопје, во ракометна средина која е препознатлива во Европа.
Доаѓам со намера заедно со моите нови соиграчи да ги оствариме зацртаните цели и да го вратиме Металург каде што му е местото. Јас секогаш се стремам за највисок пласман, така ќе биде и овој пат. 
Верувам дека нашите навивачи ќе уживаат во добрите парти. Видов дека се создава квалитетен тим каков што некогаш имаше во Металург и тоа ме радува.
Исто така се радувам што ќе работам со искусен и одличен тренер каков што е Зоран Кастратовиќ, за кого секогаш имав најдобро мислење, а и слушнав многу добри работи од играчи со кои работел. 
Целокупниот прв впечаток е сјаен, верувам дека одлуката е на место и би им се заблагдарил на моите менаџери Саша Братиќ и Милош Павичевиќ на одработената задача. Сигурен сум дека во сезоната што следи ќе се игра одличен ракомет во Македонија и секако во „Автокоманда“ која има посебен ракометен шарм“, изјави Златко Хорват. 

Пред Хорват, за Металург потпишаа и Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk