Легенда на Загреб потпиша за Металург

Легендарното крило на Загреб и на репрезентацијата на Хрватска е нов ракометар на Металург



Златко Хорват, десното крило на репрезентацијата на Хрватска и на ППД Загреб е нов ракометар на Металург. Откако Гоце Георгиевски реши да го одбере Вардар, а не Металург како клуб во кој се враќа по печалбата во Франција и Романија, клубот од Автокоманда ја пресели потрагата на друга страна. 

Златко Хорват игра кој  цела своја кариера играл во Загреб беше прилично далечна мета, но од друга страна во ППД Загреб има дури пет десни крила. За Хорват, секако, ќе имаше место, но токму тука и ја виде својата шанса Металург. 

На пријатно изненадување, преговорите беа брзи и денеска завршија до потпишан договор. 

Златко Хорват (35) како дел од Загреб е сопственик на шампионски пехари во Хрватска од 2002 до денеска и Куп пехари од 2003 исто така досега. 
Победник на СХЕА Гаспром 2013. 
Како репрезентативец на Хрватска има бронза од ОИ Лондон, сребро и бронза од СП и две сребра и две бронзи од ЕП. 

Сега единствено позицијата централен бек останува отворена. Преговорите со Здрахала иако траеја 4 месеци, на крајот не дадоа резултат, а бразилскиот ракометар Енрике Тешеира потпиша, па побара раскин на договорот поради семејни причини. 

Но, долго ќе биде ова лето, а пазарот на играчи ќе биде отворен 24/7. Металург сигурно ќе има уште многу опции за таа позиција. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk