ОФИЦИЈАЛНО: Џомба го одбра Вардар

Репрезентативното крило денеска одлучи да потпише за актуелниот европски првак



Гоце Георгиевски е нов член на европскиот првак Вардар. Деновиве беше доста актуелна оваа информација, но  за разлика од се што можевте досега да прочитате, а се базираше на некомплетна информација и желба да се биде прв, вистината е дека дури денеска е постигнат финалниот договор.
Во игра до последен момент беше и Металург. 

Поточно, враќањето на Гоце Георгиевски од Романија во Македонија и го повлече Металург. Но, македонскиот репрезентативец се уште имаше активен договор со ЧСМ, иако Романците не ги имаа исполнето своите обврски од договорот. Набрзо потоа побара раскин. 

Процедурата за раскин на договор е чувствителна акција, па Георгиевски не потпиша договор со Металург, туку прво ги решаваше своите работи во Букурешт.

Во меѓувреме и Вардар влезе во игра. „Црвено-црните“ во својот тим го имаат Иван Чупиќ, но долга е сезоната, па прво загризаа за Ненад Костески, а потоа беа блиску и до договор со 19 годишен ракометар од Иран. Но, Иранците имаат проблеми со визи за патувања низ Европа, а и воениот рок на потенцијалното засилување не беше регулиран, па таа опција отпадна и Георгиевски стана нивна цел. 

Потоа на сцена стапи Михајло Михајловски кој за годините во кои не беше активен во македонскиот ракомет не го загубил шармот и моќта за убедување. 
Понудата на Вардар ја надмина таа на Металург и по еден викенд минат во размислување што е подобро за него, Георгиевски денеска ја одбра варијантата Вардар. 

„Денеска се дговорив со Вардар“, изјави Георгиевски за g-sport.mk „Да бидам искрен добив попримамлива и подобра понуда. Но, сепак, одлуката воопшто не беше лесна. Размислував неколку дена и на крајот морав да пресечем и одберам една. И го одбрав Вардар“, вели Георгиевски. 

Сега „црвено-црните“ имаат одлично дуо на играчи на крилна позиција и тоа прашање за Вардар е завршено. Вардар одбра одличен играч, тимот секојдневно е постабилен и очекуваме многу од нив во ЛШ. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk