Битола има четири години рок, потоа нема ЛШ

Еурофарм Пелистер денеска аплицираше за место во Лигата на шампионите. Шанса да добие валјд карта има поради рејтингот на Македонија, но...


По триесетина години самостојност, во кои спортската елита кај нас главно беше фокусирана на бркање на резултати, што со свои, но претежно со купени готови играчи од странство, полека доаѓаме до момент кога нема да биде важно колку силен тим е создаден. Ќе мора да се промени пристапот и да почне сериозно да се вложува во инфраструктура. 

Сергеј Самсоненко остави повеќе од два ЛШ пехари во Скопје. „Јане Сандански“; некогаш популарната „лименка“ сега е репрезентативен спортски објект, а Скопје од 2008 ја има и „Борис Трајковски“ Арена, па скопските клубови со две „скоцкани“ сали, можат да бидат мирни. 

Но, враќање на старите патеки и тоа конкретно најави и Битола. Успеаја да состават тим што стигна до второто место, а тоа им даде привилегија две години по ред да аплицираат за играње во ЛШ. 
Лани влегоа во Ц/Д групите, годинава нивната апликација се базира на високото (трето) место на Македонија на ранкингот, но освен тоа, нивните адути не се особено силни. И тоа е почеток. 
 
EHF Champions League regulations: From the start of the 2020/21 season, arenas will need to have spectator stands on all four sides and the minimum size has been increased from 2,500 to 4,000 spectators. This requirement has a transition period of four seasons (2020/21, 2021/22, 2022/23 and 2023/24). 

Ова е дел од новите регулативи за играње во ЛШ. Се заоструваат и во Лига Европа. ЕХФ ги крева критериумите, посебно откако потпиша договор вреден 500 милиони евра за ТВ и маркетинг права. А тие што даваат пари, сакаат и продукт. 

Критериум е уште од годинава, но оставен е простор низ следните четири сезони салите што немаат четири трибини да се реновираат. Од сезоната 2024 минимумот ќе биде четири трибини и 4.000 гледачи капацитет.  И со оваа доаѓаат нови проблеми, што не можат да се решат едноставно и ефтино.
Битолската сала има само две трибини. 

Битола ја одвоивме од другиот дел од Македонија затоа што има амбициозен тим најавен како долгорочен проект, кој има крајна цел Еурофарм Пелистер да го направи шампион. Следствено и да игра во ЛШ.
Но, ако овие услови би биле важечки веднаш, само споменатите скопски сали би исполниле услови да се игра ЛШ.

Четири години во моментов изгледаат многу, но имајќи предвид со каква динамика во Македонија се градат објекти, би рекле ако до 2022 нема готов план и не почне изградба на нов или реновирање на постоечкиот објект... Лига на шампиони во ракомет ќе се игра само во Скопје. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk