Минаа шест месеци од мундијалот во Јапонија, а Хајди Локе, норвешката репрезентативка дури сега одлучи да оди на операција.
Своевремено најдобриот светски пивот имаше близок контакт со данската ракометарка Лоте Григел. Ударот што го доби значеше дури шест фрактури на носот.
„Морам да одам на операција. Носот ми е како армоника. Имам проблеми со дишењето, посебно ноќе, дишам преку уста и тоа мора да престане“; изјави Локе.
Од екипата на Темишвар во Романија не заминуваат само тренерот Перо Милошевиќ и неговиот син. Филип Марјановиќ веќе побарал раскин на договорот, а следен е голманот Мошен Бабасафари.
Абало-манија владее во норвешкиот Елверум. За само три дена откако објави дека потпишал со Лик Абало, клубот продал 550 сезонски билети и сигурно ќе го сруши рекородот од 1.100. Паралелно со потписот клубот во продажба пушти дресови со името на Абало, па на крајот овој потег ќе им излезе и финансиски исплатлив, што е реткост во ракометот.
Голманот Мигуел Еспиња по 16 години си заминува од Бенфика. Неговата следна дестинација е Асобал, ќе брани во Шпанија.
Десното крило Начо Моја, довчера соиграч на Костадин Петров во Гвадалахара се враќа во матичниот клуб Куенка, односно Сиудад Енкантада.