Трансфери: Абало? Мислевме дека не лажат

Кога го добивме меилот од менаџерот на Абало, мислевме дека некој си игра со нас. Дека е некоја шега. Потоа го контактиравме Абало и за нецели две недели, еве го во нашиот тим. Вака ја објаснија необјаснивата ситуација по која Лик Абало потпиша едногодишен договор со норвешкиот Елверум.



Некогашната вардарова ракометатарка Андреа Пенезиќ (Кобетиќ) уште еднаш ја одложи пензијата. Таа најави пензија уште кога играше за Вардар, а потоа на секоја година од договорот со Шиофок. Сега Унгарците одново ја убедија да игра уште една сезона. 
„Не сакав на ваков начин да се разделам со клубот“, изјави Кобетиќ алудирајќи на прекинатата сезона. 

Пет ракометари заминуваат од данската екипа Скјерн, но ниту еден од нив не е Еивинд Танген кој наводно треба да потпише за Вардар. Мортен Бјорнсхауге, Кристијан Тинд, Каспер Ебесен, Фредерик Санд и Кристијан Албертсен се играчите што си одат од данскиот клуб. 

Четири ракометари заминуваат од шпанскиот Гранољерс. Потенцијалниот шпански репрезентативец Јан Тарафета, потоа Иван Поповиќ, Адриа Фигуерас и Нико Бонано си одат од овој шпански клуб. 

Пикерот Алексеј Ушал од белоруската екипа СКА Минск потпиша договор со унгарскиот тим Орошази. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk