Иван Марковски заминува од Авенсоа

Македонскиот тренер Иван Марковски, се раздели со францускиот клуб Авенсоа, првиот меѓународен предизвик



Првиoт меѓународен тренерски предизвик на Иван Марковски заврши денеска. Ставен е крај на соработката на македонскиот тренер со клубот Авенсоа во кој работеше три години. 

Авенсоа во Д2, со Иван Марковски како тренер, стартуваше како проект-клуб што има цел да обезбеди опстанок. Но, одлично му одеше на Марковски и веќе во втората сезона, резултатски успеа да избори и пласман во повисок ранг, односно Д1. Тој пласман не беше реализиран затоа што клубот иако резултатски обезбеди, според правилата во Франција не исполнуваше (финансиски и други) услови за играње на највисоко ниво во Франција и добивање на ВИП карта. 

Иван Марковски успеа да направи убава хемија во составот и клубот фино си „возеше“ во првенството додека не пристигна корона вирусот. Потоа почна да се менува буџетот, нов претседател, менување на услови, па на крајот дојде и раскинот на договорот. 

„Ќе се паметат само убавите работи. Одработевме убави три сезони, штета што во корона време се разделуваме, но тоа е тоа“,изјави Иван Марковски за g-sport.mk. 

Иван Марковски остави добар впечаток и веќе има заинтересирани клубови за почнување на соработка, наскоро ќе дознаеме и во кој клуб ќе ја продолжи тренерската кариера. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk