Хрватскиот голман, во македонската јавност поврзуван со трансфер во Е. Пелистер, го продолжи договорот со унгарскиот ПИК Сегед.

ПИК Сегед денеска објави дека потпишал нов договор со хрватскиот голман Мирко Алиловиќ.
„Јас и моето семејство сме среќни овде, затоа и сум среќен што потпишав нов договор и што ќе останеме овде најмалку уште три години. Бев прифатен многу брзо, сметам дека ова е најдоброто место за мене и во приватниот живот и во професионалниот и среќен сум што остануваме овде“, изјави Алиловиќ.
Во македонските медиуми Алиловиќ беше поврзуван со трансфер во Е. Пелистер, но ништо од тоа.