Најдобриот играч на 20 век, Швеѓанецот Магнус Висландер, се раздели со својот матичен клуб Редбергслид по вкупно 29 години минати во заедничка работа. Што како играч, што како тренер.
Висландер заедно со Олсон и Ловгрен беа најубоитата тројка на времето и освоија повеќе златни медали од СП и ЕП, а никогаш од ОИ.
Истото трио играше и за Кил во „златните“ времиња, а потоа Висландер се врати во Шведска во својот Редбергслид со кого соработуваше до денеска.
Динамо Букурешт ги продолжи договорите со своите двајца голмани. Ал Месуди од Тунис и Сеид Хеидарирад од Иран остануваат верни на тимот од Букурешт.
Филип Јиха во својата дебитантска сезона како тренер го одведе Кил до шампионски пехар во Германија. Тој успех заедно со одличната сезона во ЛШ како дополна, му ја донесе титулата најдобар тренер во Бундес лигата.
Данската репрезентативка Стине Јоргенсен реши да направи пауза од настапи за репрезентацијата на Данска и нема да биде дел од тимот што во декември на домашен терен ќе игра Европско првенство.
Од Рапид Букурешт, екипа за која во корона сезоната настапуваше и македонската репрезентативка Елена Ливрниќ си одат вкупно 12 ракометарки!
Македонската репрезентативка пред два месеца си обезбеди трансфер, но секако е дел од вкупната бројка од 12.