-
29.05.2020
-
Вести, Трансфери
Денеска и екипата на Пролет имаше со што да се пофали и да ги издраува своите фанови. Ласко Андоновски ќе продолжи да го носи дресот на Тинекс Пролет, иако и оваа година како и во претходните сезони, за услугите на Андоновски се интересираа неколку суперлигаши.
„Преговорите траеја кратко бидејќи наша заедничка желба беше соработката да продолжи. Се надевам на успешна сезона и борба за излез во европските купови“, истакна Андоновски.
Во управата на клубот владее задоволство од задржувањето на капитенот и сочувувањето на костурот на тимот и за наредната сезона.
„Андоновски е лидер на тимот неколку години наназад и секако дека сме пресреќни што тој ќе остане дел од Тинекс Пролет и во наредната сезона. Го задржавме костурот на екипата, покрај Ласко тука се уште и Ангелов, Аларов, Џонов, браќата Василевски и останатите кои понесоа голем дел од товарот во минатата сезона. Си заминаа само Мартин Поповски, кој има ангажман во странство и Мујиќ, со кого сме во контакт за евентуално враќање назад во нашиот клуб. Нема да брзаме, ќе почекаме уште најмалку петнаесетина дена, по што ќе повлечеме конкретни потези околу потенцијалните засилувања. Исто така, во следните денови ќе разговараме со уште неколку ракометари на кои им се истечени договорите за нивно останување во Тинес Пролет“, вели директорот на клубот, Сашо Огњеновски.
Поврзани вести