Помладиот Таста е нов тренер на Прилеп

Прилеп доби нов тренер, Горан Кузманоски, довчера играч на Е. Пелистер ќе дебитира на тренерска позициј


Горан Кузманоски Таста, ракометар кој минатата сезона активно ја играше во екипата на Е. Пелистер е новиот тренер на Прилеп. 
Долго се чекаше потврда за оваа информација, практично уште од моментото кога стана јасно дека битолчани годинава вртат нов лист и прават поинаква екипа од досега. 

Но, сетоа тоа беше на чекање, постоеја и други опции, за на крајот, првата што ја слушнавме да биде и официјализирана. 
Тоа воедно значи и крај на кариерата, доколку не се реши да има двојна улога, што секако е опција со оглед на тоа дека уште може да полни мрежи во македонското првенство. 

Кузманоски како голем талент од генерацијата што играше полуфинале на Јуниорското ЕП во Полска 2002  (втор стрелец, зад Биелецки од Полска) изникна од Прилеп. 
Потоа потпиша за Металург и за Вардар во исто време, следеа долги препукувања, санкција и од тој момент некако работите тргнаа во поинаков правец, иако сумирано имаше одлична кариера во која има и европски пехар од Челинџ освоен со екипата на Одорхеи од Романија. 

Од Романија се врати во Македонија, играше за Е. Пелистер, помогна оваа екипа да го освои второто место и да игра Лига на шампиони, за сезонава да се префрли во тренерски води. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk