ЕХФ донесе уште една одлука со која ги фаворизираше германските клубови и им додели место плус во Лига Европа.
Германија покрај екстра место во Лигата на шампионите, доби и екстра место во Лига Европа. Денеска ЕХФ објави дека испразнетото место за победникот на ЕХФ Куп и Челинџ Куп ги добиваат државите што во стариот Куп биле најдобри во тој Куп.
Па така Германија го доби местото на Победникот на ЕХФ Куп и ќе има клуб повеќе во Лига Европа, а Романија го доби местото на победникот на Челинџ Куп и ќе има место плус за нив во новиот ЕХФ Куп.
Ова е различен критриум од тој за ЛШ. Ако се спроведеше истиот како во овие натпреварувања, Македонија ќе беше најдоброрангирана (две шампионски титули и еден Ф4) во последните три години и ќе требаше да имаме загарантирано место за два претставника во ЛШ.
Но, тогаш ЕХФ ги броеше сите Купови и така Германија го доби и второто место во ЛШ.
Во женска конкуренција, Данска го доби местото на победникот во Лига Европа, а Шпанија во ЕХФ Куп.