ЖРК Металург се отажа од играње во Европа

Брзо згасна искрата надеж дека следната сезона во Автокоманда ќе се гледа и игра врвен европски женски ракомет



Металург утрово го информираше РФМ дека следната сезона нема да се натпреварува во Европските купови. Искрата надеж дека ќе се најде спонзор што ќе му овозможи на клубот да направи квалитетен тим и да ги покрие трошоците за играње во Европа, брзо згасна. 
Корона време, спонзорите не се осмелуваат да влезат во поголеми проекти, иако добрата страна е што Металург сепак, добива спонзор и ќе има мирен шампионат. 
Скопскиот тим првото место што му го донесе пласманот од ланското првенство, ќе го искористи за настап во Регионалната лига и на тој начин ќе се обиде да го подобри квалитетот во својата екипа. 

Куманово е екипа што треба да профитира од ваквиот развој на настаните во Металург. Куманово покажа заинтересираност за настап во Лигата на шампионите, па ќе може да се пријави во Лигата на прваците. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk