Пешевски со најдобри бројки од Македонците во Бундес

Жарко Пешевски имаше најдобра сезона меѓу македонските ракометари во Бундес лигата



Бундес лигата ги сумираше статистичките податоци до моментот на прекинот на натпреварувањето. Македонија во овој шампионат има пет ракометари од кои еден е голман, а четворица се играчи во поле. 

Жарко Пешевски имаше најдобра сезона меѓу нашите ракометари. Постигна 58 гола и се најде на 87 место. Не е тоа бројка за фалење, но Пешевски е пикер, а тие никогаш не се на врвот на листата на стрлеци, ниту пак се пеналџии. 
За да го пофалиме малку, ќе споменеме дека има подобро остварување од колегите пикери како Патрик Винцек, Илија Брозовиќ. Кристоф Теркрауф, па и од познати бекови како Лукас Нилсон од Кил, Ајзеа Гвардиола... 

Филип Талески во својата последна (засега) сезона во Бундес лигата постигна 43 гола и е на 127 место. Се бореше за минутажа во РНЛ, се бореше за минутажа во Балинген, но ефектот е тој. 

Филип Миркуловски во последната сезона како играч, пред да стане играч и тренер, постигна 42 гола и заврши на 129 место, две места подобро од неговиот колега кој сезонава беше многу позвучен - Миха Зарабец од Кил. 

Филип Кузмановски, речиси и да не играше во својата дебитантска сезона. Постигна само 16 гола и се најде на 217 место на списокот на најдобри стрелци во Бундес лигата. Следната сезона во Хановер, сигурно ќе биде подобро. 

Остварувања на македонските играчи во Бундес лигата:

1. Жарко Пешевски - Штутгарт - 58 гола - 87 место
2. Филип Талески - РНЛ/Балинген - 43 гола - 127 место
3. Филип Миркуловски - Вецлар - 42 гола - 129 место
4. Филип Кузмановски - Магдебург - 16 гола - 217 место

На овој список ќе ги додадеме и двајцата играчи кои доаѓаат од Бундес лига во Македонија следната сезона, конкретно, во Е. Пелистер. 
Стипе Мандалиниќ постигна 24 гола и е на 179 место, додека Јосип Периќ постигна 17 гола и е на 211 место. 

Најдобар стрелец во е Исланѓанецот Бјарки Елисон со 215 гола, пред Данците Ханс Линдберг со 202 и Михаел Дамгард со 166 гола. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk