Чеховски медведи се откажаа од ЛШ

За прв пат од формирањето на ЕХФ; Русија нема да има претставник во машката Лига на шампиони



Русија, за прв пат нема да има претставник во машката Лига на шампиони. претседателот на натпреварувачката комисија на Руската ракометна федерација, Виктор Поладенко, тоа го потврди во интервју за порталот Брз Центар. 

Со промените во системот на натпреварување за новата Лига на шампиони, Русија се најде на ранг листата на 17 место. Директен пласман во ЛШ обезбедуваат државите до девето место. 
Но, како и многу други, Русија можеше да аплицира за вајлд карта за Чеховски медведи, клуб што редовно игра во ЛШ и има солидни резултати има еден пласман на Фајнал фор, перфектна сала (иако со помал капацитет) и како единствен проблем ја гледаме дистанцата од аеродромот (неколку часа се патува од московскиот аеродром Шереметјево до Чехов). 
Но, една главоболка помалку ќе има ЕХФ. Според Поладенко, Чеховски медведи нема да се пријават за учество во Лигата на шампионите, а нема ниту еден клуб од Русија да го искористи тоа право. Напротив, Динамо Виктор кој е втор на табелата се откажа и од играње на Лига Европа и тоа во корист на ЦСКА Москва, која ете нема да аплицира за вајлд карта за ЛШ (иако може), туку ќе аплицира за квалификации во ЛЕ. Инаку, ЦСКА требаше да игра во ЕХФ Куп (лани Челинџ Куп). 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk