ТРАНСФЕРИ: Најдена замена за вардарецот Кантагрел



Францускиот клуб Сесон Рен веднаш најде замена за голманот Робин Кантагрел кој следната сезона ќе го носи дресот на Вардар. 
Изборот е Јоже Безниќ, Словенец кој во 2017 година потпиша за Екс Прованс, а сега се сели на северот на Франција, во Рен. 

Деснниот бек Алиреза Мусави од Иран, ќе добие романско државјанство. „Многу ги сака Романците, па затоа апплицира за државјанство“ е неговата изјава, но во позадина сигурно стојат уште најмалку две причини. Првата, нема да се брои како странец и втората, нема да му треба виза за патувања надвор од Романија, што често е проблем за играчите што доаѓаат од Иран. 

Хавиер Хумер (30) десниот бек на Стеауа заминува од овој клуб и следната сезона ќе игра за шампионот Динамо Букурешт. 

Грчкиот тим АЕК го задржа шпанскиот играч Игнасио Плаза Хименез. АЕК е шампион на Грција и следната сезона ќе игра во Лига на Европа. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk