ТРАНСФЕРИ, КРАТКИ ВЕСТИ: Барса ќе мора да плати за новиот пивот...

Мај е е бурен корона месец во ракометот. Планови се прават, планови се менуваат...



Барса одамна се договори со португалскиот пивот Луиш Фраде (21), но откако се беше познато, се јави и Спортинг Лисабон, неговиот досегашен клуб. Тој бара најмалку 150.000 евра за да го ослободи талентираниот пивот. 

Урош Елезовиќ, средниот бек на Пролетер што беше поврзауван и со Металург, реши да престане со активно играње. 
„Сакав и минатата сезона да престанам но, Љуба Обрадовиќ ме предомисли. Сега, иако имав понуди, решив да ја завршам кариерата“, изјави српскиот бек.

Романецот Валентин Јонеа замина од Спортинг и следните две години ќе игра за екипата на Динамо Букурешт.

„Ако ме повика новиот селектор, ќе се вратам во репрезентацијата“ изјави асот на Веспрем, Петар Ненадиќ, презадоволен што селектор на Србија е Тони Херона. 

Не го делат сите одушевувањето на Ненадиќ, еден од тие што не сакаат странец е Веселин Вуковиќ. 
„Може да биде Македонец, може Босанец, но не ни треба странец Шпанец за селектор“, изјави Вуковиќ. 

Словенија и Чешка се единствените репрезентации 9засега) што закажаа собир и тренинг камп во јуни. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk