Ќе ја бакне ли Анти вратата во Прованс?

Легедарниот француски тренер го напушти Спортинг за да биде тренер во Прованс, но тамошниот тренер не размислува за заминување. А и тој е ракометна легенда...



Тјери Анти десет години го водеше Нант и лани замина во Португалија, во Спортинг на прв меѓународен предизвик. 
Не мина ни пола сезона, а веќе се знаеше дека Анти се враќа во јуни во Франција и тоа како тренер на Екс Прованс. Таму, пак, на клупата е Жером Фернандез, играчка легенда, но тренерски дебитант. 
Жером требаше да напредува во кариерата и да оди во Олимпискиот комититет... нешто во тој стил пишуваа француските медиуми. 

И се беше во ред до денеска. Тјери Анти го раскина договорот со Спортинг, спремен за преселба на Азурниот брег, но Жером Фернандез изјави дека тој е тренер на Екс Прованс, со договор до јуни 2021 и без намера да го прекине. 

„Последен пат кога разговарав со управата на клубот, ми рекоа да се спремам за следната сезона. И тоа и го правам. Немам намера да го раскинувам договорот“, изјави Фернандез за Л'Екип.  

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk