Вардар носи играч од Иран

Неофицијално, црвено-црните се на праг да донесат ракометар од Иран



Според информациите до кои дојде g-sport.mk  десната бековска позиција во Вардар ќе биде пополнета со леворак бек/крило од Иран. 
Се работи за ракометар што одиграл одлично на Азискиот шампионат во јануари во Кувајт, првенство на кое Иран го освои шестото место, а Алиреза Хабиби, наследникот на Зоран Кастратовиќ на клупата, заработи  отказ по овој пласман. 

Наскоро ќе имаме повеќе детали околу овој потенцијален трансфер, вклучително со името на ракометарот што треба да дојде во Скопје и заедно со Јагуриноски да ја пополни оваа дефицитарна позиција. 

Вардар во своите редови го има и Бразилецот Толедо (фото), кој реши да си замине во Баја Маре, но неговиот трансфер нема да биде бесплатен. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk