ТРАНСФЕРИ: Ивица Обрван место Вујовиќ?

Хрватскиот шампион наводно има подготвено замена за Веселин Вујовиќ



Ивица Обрван би требало да е замената за Веселин Вујовиќ во ППД Загреб. Денеска оваа информација се прошири низ медиумите, но засега нема потврда дека ќе биде така. Го контактиравме Обрван, чекаме од него потврда или демант за оваа информација. 
Обрван по напуштањето на селекторската позиција во Македонија беше посветен на работата во Шамбери. Од здравствени причини ја прекина таа соработка и оттогаш е без знгажман.

Рафаел Гихоса, минатата година кандидат за тренер на Металург, неодамна беше сменет во екипата на Адемар Леон, продолжува на Блискиот исток. Тој треба да ја преземе екипата ба Ал Араби од Катар.


Хрватот Анте Кудуз, Тунижанецот Камел Алуини и египетскиот репрезентативец Мохамед Мамаду ги продолжија договорите со екипата на Динамо Букурешт. Романците се надеваат дека ќе добијат вајлд карта за учество во Лигата на шампионите базирајќи се на резултатите остварени минатата сезона, во која беа единствената екипа во ЛШ без пораз.

Уште еден десен бек остана слободен на пазарот. Руслан Дашка го напушта шпанскиот клуб Пуенте Хенил



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk