Трансфери, слободни играчи: Краус, Степанчиќ, Евдокимов...

Ракометната берза во корона период работи позабрзано и поактивно отколку во нормални услови. Погледнете го денешниот избор на најинтересни трансфери на g-sport.mk



Најавено е дека средниот бек на Битенхајм, Михаел Краус (36) би можел да стане слободен агент. Поточно, Краус сака да ја промени средината. Тој има полни 36 години, но се уште има многу ракомет во германската легенда, посебно ако оди во првенство што не е толку напорно колку Бундес лигата. 

Хрватот Лука Степанчиќ ја продолжи верноста кон унгарскиот клуб ПИК Сегед. Степанчиќ во медиумскиот трансфер рингишпил во Македонија беше поврзан со доаѓање во Вардар. 

Крилото Тадеј Мазеј заминува од екипата на Горење и потпиша за нивниот најголем ривал низ годините - Целје Пивоварна Лашко. 

Левиот бек на ЦСКА, Евгениј Цахариас го раскина договорот со московскиот клуб и потпиша за ривалскиот Нева Санкт Петербург. 

Тримо Требње демантира дека е постигнат договор со Урош Зорман за тренерската позиција. Но, велат дека се работи на тоа да се постигне договорот. Презентацијата на тимот ќе ја имаат на 16 јуни. 

Пивотот Егор Евдокимов ја заврши соработката со екипата на ЦСКА Москва и сега е слободен агент. 

Елена Михаљченко, ракометарката што ја викаат „Неагу од Русија“ ја напушта еипата на Лада Толљати и следната сезона ќе игра во екипата на ЦСКА Москва. Михаљченко игра на позиција лев бек и има 18 години. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk