Ристовска ќе игра во ЛШ следна сезона

ЦСКА не успеа да обезбеди место во ЛШ, но затоа пак,нивните ривали се откажаа


Македонската репрезентативка Сара Ристовска и нејзиниот руски клуб ЦСКА Москва беа трети на табелата во рускиот шампионат кога првенството беше прекинато и одредени беа шампионите според моменталниот пласман. 

ЦСКА Мосвка беше зад старо новиот првак Ростов Дон и екипата на Лада Тољати. И требаше да игра во ЕХФ Куп. 
Но, денеска Лада Тољати се откажа од настап во Лигата на шампионите. Нивното место ќе го заземе екипата на ЦСКА Москва, а доколку добие вајлд карта во што не се сомневаме, Сара Ристовска ќе ја гледаме во ЛШ. 

Директно место спред рејтиногот на државата во ЛШ има и Македонија. Металург може прв да се пријави и рекоа дека до крајот на месецот ќе се изјаснат затоа што има можност да играат ЛШ годинава. Ако не игра Металург заинтересираност има и од екипата на Куманово. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk