Двајца се симнаа од радарот на Вардар

Вардар се уште го нема комплетирано тимот, но двајца ракометари ги снема од радарот


Михајло Михајловски денеска по потписот со Филип Талески, задоволно објави дека му требаат уште еден среден и еден десен бек и неговиот Вардар е спремен. 
Ние сме се уште резервирани во поглед на евентуалното доаѓање на Димитри Санталов кој има преддоговор со Вардар. Додека не се увериме дека доаѓа во Скопје, оставаме простор и за еден лев бек. 

Независно од ова, двајца ракометари за кои верувавме дека се на радарот на Вардар си најдоа клубови. Хуан Бланко Беласкез, левиот бек на Порто, односно едне од Кубанците на Порто си заминува од Португалија, но не во правец Скопје, туку за Леон, Адемар Леон. 

Предраг Вејин, српскиот десен бек, не се најде во насловите на македонските медиуми. Но, откако беше откриено дека заминува во Висла Плоцк, како замена за Жига Млакар, беше паралелно кажано дека бил и во комбинација за доаѓање во Вардар. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk