Талески потпиша за Вардар!

Филип Талески потпиша едногодишен договор со Вардар. Долго време беше во оптек оваа комбинација, денеска се офицјализираше



Уште една одлична вест за фановите на Вардар од новиот црвено-црн штаб. Филип Талески е нов ракометар на Вардар и следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес. 

„Да точно е, се враќам во Македонија и следната сезона ќе играм за Вардар“, потврди за g-sport.mk Талески. „Последниот разговор што го имав со претседателот Михајло Михајловски го смени моето мислење и жебата да останам во Германија. Благодарен сум му, што ми излезе во пресрет“, изјави Талески. 

Талески се враќа во Македонија побогат со искукство од три години играње во најсилната лига во светот. Сигурно ќе биде од голема корист за европскиот првак во првата сезона „По Самсоненко“. Користа би требало да биде двострана и Талески да се врати во препознатлива форма. 



Филип Талески од Металург за голема оштета замина во РНЛ.. Во таа екипа посебно додека тренер беше Николај Јакобсен форсираше игра со многу малку ротации и Талески не добиваше редовно шанса, иако имаше и одлични партии во РНЛ со кои покажа дека можеше и поинаку да зврши таа приказна. 
Но, беше што беше, во потрага по минутажа замина за Балинген, а откако му истече договорот, не сакаше ново продолжување со истата екипа, иако му беше понудено. 

Се чекаше Минден, се зборуваше за Е. Пелистер, Вардар. за конечно да биде пресечено и да се реши за Вардар. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk