Лазаров се враќа во ЛШ

По пауза од една сезона, во Лигата на шампионите повторно ќе игра најдобриот стрлец во нејзината историја



Кирил Лазаров ќе продолжи да ги подобрува своите бројки и да ја држи дистанцата од ривалите во Лигата на шампионите. 
Најдобриот стрелец во историјата на ЛШ, следната сезона се враќа во елитата. 

Претседателот на Нант, клубот за кој игра Лазаров, утрово на својот Твитер профил објави дека француската Лига, одлучила Нант да биде вториот клуб од Франција, односно тимот што ќе аплицира за вајлд кард во Лигата на шампиони. 

Нант заврши на второ  место во прекинатото првенство на Франција, пред Ним и Монпеље, а зад ПСЖ. Франција како држава има најдобар клупски ранкин и незамисливо е да не добие вајлд карта за играње во ЛШ. 
Тоа би бил 11 клуб, остануваат уште пет места. 
Според нас и Пик Сегед ќе добие место и ќе останат уште четири. 

Е. Пелистер ќе аплицира од Македонија. Нашата држава е трета на ранг листата, зад Франција и Германија. Но, Е. Пелистер е далеку од рејтингот што го имаат добар дел од конкурентите, па местото не му е загарантирано, иако нелогично е првите две држави да добијат валјд кард, третата да биде прескокната, па да добие четвртата...




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk