Вујовиќ се раздели со Загреб, но не поради Вардар

Веселин Вујовиќ не е веќе тренер на ППД Загреб. Причините се семејни, а Вардар не е никако поврзан со ваквиот расплет



Веселин Вујовиќ не е веќе тренер на ППД Загреб. Веста денеска беше објавена и потврдена во Хрватска, а молњевито се рашири низ цела Европа, па стигна и до страниците на Марка и Л'Екип. 

„Семејни се причините поради кои Вујовиќ заминува од ППД Загреб. Му посакуваме многу среќа во следната работа“, објави ППД Загреб кратка информација на својот ФБ профил. 

И кога ќе се случи вакво нешто, во моменти кога Михајловски го презема Вардар и почнува да прави тим за следната сезона, имајќи ја предвид историјата и поврзаноста на Вујовиќ со Михајловски и со Вардар, едноставно не може а да не се помисли на моментот дека е можно враќање на Вујовиќ на кормилото на Вардар. 

Водејќи се по новинарската „не мора да се добијат сите одговори, но мора да се постават сите прашања“, го побаравме Вујовиќ, со конкретно прашање, дали е разделбата со ППД Загреб, на било кој начин поврзана со Вардар? 

„Не мајсторе!“ добивме одговор во препознатлив стил. „Немаат врска тие две работи“, изјави Вујовиќ, демантирајќи комбинација што би го довела во Скопје. 












 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk