Марко Вујин си оди од Спортинг

Еден од играчите на Србија кои можат да се наречат легенди, десниот бек Марко Вујин ќе биде слободен играч летово



Првата сезона ќе биде и единствената на српскиот десен бек Марко Вујин (35) во дресот на Спортинг од Португалија. 
Леворакиот шутер кој во 2019 од редовите на Кил премина во Португалија е полека ги пука и последните куршуми во кариерата и прашање е што ќе биде следното за него. Тој во Кил играше од 2012 до 2019, а претходно од 2006 беше во тимот на Веспрем. 

Веројатно и за него ќе чуеме дека е во комбинација за Вардар, шпекулациите околу европскиот првак се разгореа, но засега чекаме официјална потврда прво дека заминува од Спортинг. 

Марко Вујин не е единствениот Србин што заминува, пред него потврдено и Иван Никчевиќ мина низ излезот. Третиот е тренерот Тјери Анти, за кого одамна се знаеше дека се враќа во Франција и ќе го замени Жером Фернандез на кормилото на Екс Прованс. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk