Бундес играчи без клуб: Бекови, пикери, голмани...

Преодниот рок е во ек многу порано од вообичаено, а веќе во првата половина од мај побарувачката беше поголема од понудата



Трансфер периодот во Европа е во полн ек, а побарувачката на играчи е голема, иако важи и спротивното, дека голем дел од клубовите уште се пресметуваат со корона економијата и можеби утре ќе почнат да купуваат, но можеби ќе мораат и да се ослободуваат од своите (скапи) играчи. 

Никој не може да предвиди во кој правец ќе се развива ситуацијата. Главно се предвивуваат сериозни последици од корона, но на терен ситуацијата е поинаква, како пример ќе је земеме и Македонија, каде што одамна не сме имавле вака весел трансфер период. 

На сето ова ќе го додадеме и медиумите кои откако се исцрпеа првите звучни трансфери, сега веќе се во фаза на шпекулирање и секојдневно слушаме за трансфери од кои нема да биде ништо. 

Германски сајт специјализиран за ракомет, објави список на играчи од Бундес лига што во моментов се слободни агенти. 
Ако малку се пробуричка и низ клубовите овој список може да се големи со уште 20-тина имиња, но за нив ќе треба преговори, отштети и слично. 

Погледнете кои играчи се слободни и веруваме дека многу брзо некој од нив ќе се најде во насловите како потнцијално засилување за Вардар, Е. Пелистер, Металург... 

Голмани:
Николас Грос - Гепинген 
Никола Кациганис - Ерланген

Леви крила:
Кристијан Угалде (Хановер)
Феликс Вејсер (Гепинген)

Леви бекови:
Филип Талески (Балинген)
Мат Патраил (Хановер)

Десни бекови:
Кристијан Цајц (Штутгарт)

Десни крила:
Сирил Акакпо (Есен)
Јаник Хаусман (Балинген)
Оле Рамел (Кил)
Тим Соренсен (Гепинген)

Пикери:
Рафаел Баена (Бергишер)
Бенџамин Мешке (Белинген)
Мануел Шпет (Штутгарт)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk