„Тепачка“ за голманот на Влчеа

Романскиот голман реши да замине од Влчеа, а нејзината одлука е поврзана со бројни понуди



Натурализираната романската ракометарка, Јулија Думанска летово ќе го напушти тимот на Влчеа, а сосема извесно и шампионатот на Романија. 

Дваесет и три годишниот голман во Романија е цели седум сезони од кои две во сегашниот клуб, Влчеа. Романските медиуми пишуваат уште дека најмалку три клуба играле улога во нејзината одлука да замине. За нејзин потпис се заинтересирани Ростов Дон, Подравка и наводно Будуќност. 

Ростов би го прогласиле за фаворит, не само поради финансиската моќ, туку и фактот дека пред две дена од нивниот тим замина голманот Ана Седојкина, но тие денеска потпишаа со голманот на Кубан, руската репрезентативка Викторија Калинина. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk