Ќе чекаме за вајлд карта до ноември

Светската ракометна федерација вајлд картите за СП Египет ќе ги додели пред ждрепката. А кога ќе биде ждрепката - не се знае. 


Шансите Македонија да добие валјд карта за настап на следното СП, воопшто не се занемарливи, но работата ниту оддалеку не е завршена. 
ИХФ вајлд картите за СП ќе ги додели пред ждрепката за мундијалот. А за ждрепката - нема датум. Ако анализираме според програмата на квалификациите, тоа би требало да биде во ноември. 

Имено, квалификациите во Јужна и Централна Америка не се завршени, а не се воопшто ни почнати квалификациите за Северна Америка и Кариби. 
Едните треба да се одржат во Ел Салвадор и да имаат минимум четири екипи, од кои три не играле на квалификациите што веќе се одржаа и од кои Бразил и Аргентина обезбедија пласман на СП. 
Северна Америка и Кариби, требаше да играат квалификации во јуни во Мексико, но тие се одложени. 

Последниот датум за одржување е 31 октомври, што значи дека вајлд карти ќе се делат во ноември под услов овие квалификации да се одиграат во крајните рокови или воопшто да не се одиграат. Постои, нормално, опцијата и порано да се одиграат, па ИХФ ќе може и пред ноември да реши кој ќе добие покана за СП. 

Ако споменатите квалификации не се одржат, тогаш ИХФ ќе има три вајлд карти. Веруваме дека една од нив би била за САД. 

Но, ако не се одржи турнирот во Ел Салвадор, тогаш Америка го губи тоа место и ќе биде доделено на Европа (најдобар континент). А ЕХФ не го добива како вајлд карта и ќе мора, сакал - не сакал да ѝ го додели на Македонија затоа што е најдобропласирана од ЕП 2020 што не обезбедила пласман. 

А во Европа конкуренцијата секој ден станува се посилна. Македонија и Полска се најголемите фаворити во моментов. Ние го имаме спортскиот момент и препораката на ЕХФ (пласманот на ЕП 2020), Полјаците имаат силни лобисти, го имаат следното домаќинство на СП и имаат милионски ТВ аудиторум. 

Вајлд карта побараа и Србија, Црна Гора, Русија и Швајцарија. И тука нема да заврши списокот, во тоа некако сме уверени.

И натаму се гледаме како фаворити, но за жал критериумот за доделување на вајлд кард не е спортски, туку политички. И оттука, нашата работа не е завршена. 
РФМ ќе мора силно за лобира за да ги одведе Лазаров и колегите на следниот мундијал, 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk