ВИДЕО: Балинген се потсети и се поздрави со Талески

Денеска е денот на Филип Талески во Балинген. Цел ден клубот објавува видеа и фотографии од македонскиот ас. 

 





Филип Талески не ги прифати условите за нов договор со Балинген и неговата соработка со овој бундеслигаш е завршена. 
Денеска Германците уште еднаш се потсетија како можеше да биде, а не бидна, со видеото од нивната најдобра партија сезонава и сензационалната победа над Берлин (31-30). 

На тој меч или таа победа ја остварија затоа што Талески блескаше и постигна осум гола. 

Филип Талески наскоро се враќа во Македонија од каде продолжува со преговорите за неговата иднина. Подолго време е поврзауван со Минден, не е тајна дека Вардар го има побарано, Е. Пелистер уште од лани го врбуваше, но колку што знаеме, не мрдна многу напред нивната комуникација... 

Со Талески ќе биде што ќе биде, а во меѓувреме уживајте во издвоените моменти од овој натпревар и неколку проектили на македонскиот играч. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk