ЖРК Металург планира да игра во ЛШ

Женската екипа на Металург годинава повторно би можеча да игра во Лигата на шампионите


Женската екипа на Металург би можела следната сезона одново да пријави екипа во Лигата на шампионите, а ваквата разврска е можна затоа што клубот е блиску до постигнување на договор со спонзор со кој клубот би имал поинаква физиономија, амбиции и јасно, резултати во ова натпреварување. 

Нема да мора да чекаме долго за да дознаеме каков ќе биде епилогот. Пријавувањето е до 1 јуни, што значи дека во следниве 10 дена, „Атокоманда“ ќе треба да пушти абер дали повторно ќе ги видиме во елитата или нема. 

Во секој случај оваа најава, заедно со активностите на машкиот клуб најавуваат враќање на старите патеки на клубовите од „Автокоманда“. 









 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk