Maнасков и Даниловски верни на Охрид

По триото странци, двајца многу важни домашни играчи потпишаа продолжување на договоротите со Охрид



По Брауновиќ, Тот и Кривокпиќ и тренеро Стојановиќ, Охрид денеска објави уште една убава вест за својот клуб. Мартин Манасков и Никола Даниловски, двајца многи важни македонски ракометари потпишаа за езерскиот клуб.

Од клубот најавија и дека во најскоро време ќе ги продолжат договорите и со други играчи и така ќе го имаат на располагање ланскиот тим. 
Охрид беше втор на табелата по 17 одиграни кола, зад Металург. Но, треба да се напомене и дека имаа победа над Металург. 

Во новата сезона, ќе имаат шанса да аплицираат за валјд карта за Лига Европа, но засега нема информација дали ќе аплицираат. 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk