ТРАНСФЕРИ: Аџиќ, Никитина, Дамњановиќ...

Чеховски медведи објавија дека потпишале договор со левиот бек Марк Ларкин од Динамо Астрахан. Се отвори ли пошироко вратата за Димитри Санталов да замине и тоа во Вардар?

Новокрунисаниот шампионна Грција, АЕК остана  без данскиот бек. Ларс Јакобсен кој се враќа во Скандинавија, во екипата на Арендал. 

Руската репрезентативка Ирина Никитина е третата членка на „зборнаја“ што си оди од Ростов Дон. За разлика од Судакова и Седојкина кои заминаа за ЦСКА, Никитина ќе игра за Астраханочка.

Легендарниот црногорски тренер во женски ракомет, Драган Аџиќ уште еднаш преживеа и потпиша нов едногодишен договор со Будуќност. 

Украина прогласи крај на првенството и за нов шампион го прогласи Мотор Запорожје. 

Поранешната вардарова ракометарка Сања Дамњановиќ односно Вујовиќ заминува од редовите н Будуќност.

Легендата на ПИК Сегед, пикерот Саболц Зубаи прогласи крај на кариерата. 

Неочекуван крај на кариерата прогласи и десното крило на Чеховски медведи - Димитри Ковалев. Тој продолжува како тренер во Чеховски медведи 2. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk