Вардар се засилува со бек од Порто

Ново име во ростоерот на Вардар. Португалскиот бек Мартинс Соареш треба да биде замена за Сташ Скубе



Македонската ракометна сцена е една од најраздвижените во Европа со неколку трансфер информации на дневна база. 
Најновата е одново од таборот на Вардар. Веќе најавивме дека Вардар е во преговори со играч(и) на Порто, а очекувавме тоа да бидат Беласкез и Ернандез, еден или двајцата Кубанци во тимот.

Денеска Sport1.mk објави дека Мигуел Мартинс Соареш ќе биде нов ракометар на Вардар. Тој игра на центарската позиција, а ќе биде замена за Сташ Скубе. 

Со 43 постигнати гола минатата сезона во Лигата на шампионите, овој 22 годишен ракометар беше важна алка во составот на Порто и доколку се реализира трансферот, Вардар добива одличен играч што знае да диктира игра и со седум напашачи имајќи предвид дека Порто цела сезона игра таква тактика. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk