Тројца ракометари потпишаа за битолската „двојка“

Македонија е своевиден ракометен феномен во корона време. Преодниок рок, којзнае кога последен пат излгедал вака



Екипата на Еурофарм Пелистер 2 следната преживеа како посебен субјект во договорот со кој вторите екипи преоѓаат во понизок ранг и денеска се приклучи кон трансфер грозницата што владее во Македонија.

Иван Димитровски потпиша двегодишен, а Стефан Дрогришки и Стефан Талевски едногодишен договор со Еурофарм Пелистер 2 и во иднина ќе го сочинуваат костурот на екипата. 

Дрогришки, ракометар што во ерата на Лино Червар беше стартер во репрезентацијата на Светско првенство (2017), беше цел на неколку македонски екипи што, ете не беа доволно брзи или чекаа момент што нема да дојде. Талевски и лани беше доста баран ракометар, но ни тогаш ни сега не менува. 

Е. Пелистер 2, ќе има тим со кој ќе игра важна улога меѓу екипите што нема да се борат за шампионски пехар и ќе биде интересно да се види каква поддршка ќе има во својот град, кога ќе почне новата сезона. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk