Идеалниот тим на Франција без Лазаров, Хансен, Карабатиќ...

Французите одбраа најдобар тим во лигата во кој има повеќе непознати од познати имиња



Француските фанови, со гласање на еден од ретките специјализирани портали за ракомет во Франција, Handnews.fr одбра идеал тим на првенството во кој има повеќе „анонимни“ отколку познати ракометари. 

Во најдбрата постава ги нема Микел Хансен, Никола и Лука Карабатиќ, Кирил Лазаров, Мелвин Ричардсон, Феран Соле, Лик Абало итн. 
Најдобрите во првенството се следниве ракометари: 

Голман: Емил Нилсен - Нант
Лево крило: Хуго Дескат  - Монпеље
Лев бек:  Елохим Пранди - Ним
Среден бек: Сандер Сагосен - ПСЖ
десен бек: Валентин Порт - Монпеље
десно крило: Фахрудин Мелиќ - Шамбери
пивот: Николас Турна - Нант
дефанзивец - Рок Фељо - Нант

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk