СКУБЕ: Македонците се луди фанови, најдобри на свет

Сташ Скубе ќе биде една од празнините во редовите на Вардар што ќе биде тешко да се пополни. Тој веќе е играч на Мешков Брест, а клубот денеска го објави и првото официјално интервју со Словенецот од кое ќе преземеме и издвоиме неколку моменти.



Сташ Скубе како момент број еден во кариерата го посочува враќањето во Скопје по освојувањето на титулата Европски шампион во 2019.

„Тоа беше бајка. Тоа никогаш нема да го заборавам. Повеќе од 100.000 луѓе не пречекаа на враќањето. Македонците се луди ракометни фанови, најдобрите на светот! Го сакаат Вардар, го живеат Вардар. Голема е сатисфакцијата да ги направиш среќни. Горд сум што бев дел од Вардар. Се надевам дека и во иднина ќе биде на високо ниво“, изјави Скубе. 

За освојувањето на титулата и феноменот Вардар...

„Тоа е до карактерот. Немавме долга клуба. Осум-девет играчи го избуткавме целиот товар. Секој од нив даде повеќе од 100 проценти. Јасно, на Фајнал Фор не можеш да победиш и ако немаш среќа. Но и неа треба да ја заработиш. Ние како тим верувавме, знаевме дека можеме да победиме, па што и да било“. 

За можната средба со Вардар на СЕХА Ф4...

„Ќе ми биде мило да се сретнам со нив. Сум играл и порано против бившио клубови. Сега, како играч на Мешков ќе направам се за да победиме, а потоа ќе ми биде многу милод се видам и да се дружам малку со нив... 










 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk