И во Романија нема шампион, извиси ЧСМ Букурешт

Славниот Борд на директори на Романската ракометна федерација, конечно, прогласи крај на првенството



Требаше ЕХФ да одреди крајни датуми за пријавување на екипи во Лигата на шампионите, за Бордот на директори на Романската ракометна федерација (ФРХ) да се откаже од идејата да се доигра првенството во јуни-јули. 

Потоа дојде на ред, прогласувањето на шампиони. Со 11-5 во гласови решено е да не се прогласува шампион, одлуката важи во машка и во женска конкуренција. 

Потоа следеше гласањето за распоредот на местата во Европа. Со 9-7 во гласови, победи системот што предвидуваше важечки да бидат ланските резултати. 

Така број еден тим во Романија во машка конкуренција е Динамо Букурешт, во женска - Влчеа. Две години по ред број два екипа во Романија остана женскиот ЧСМ Букурешт, можеби најскапиот состав во Европа. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk