Патраил со оди, повеќе место за Кузмановски

Естонскиот ас по осум години минати во дресот на Хановер, заминува во (некоја) нова средина



Германските медиуми повикувајќи се на клупски избори објавија дека бундеслигашот Хановер донел тешка одлука да не му понуди нов договор на Естонецот Мат Патраил. 
Мат Патраил е еден од играчите во категорија во која се Кирил Лазаров и Даинис Криштопанс, ракометари што се незаменливи во своите репрезентации. Тој е синоним за ракомет во Естонија, земја во која овој спорт не е на врвот на популарноста.

Сепак, Германците претеруваат или сакаат да ублажат, но одлуката на Хановер не веруваме дека беше до толку тешка. Напротив, со месеци наназад се знаеше дека бараат замена за Естонецот. 
Тој има 32 години, квалитетот не му бил спорен, но откако минатата сезона поради повреда долго беше надвор од терен, Хановер уште одамна знаеше како ќе заврши приказната, со помлади и побрз играч. 

Дел од минутажата што ја имаше Патрал сега ќе оди на сметка на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Македонецот доаѓа на местото на најдобриот играч на Хановер, Мортен Олсен, на позиција среден бек, но тренерот Ортега за g-sport.mk веќе изјави дека Кузмановски може да игра со повеќе задачи на разни позиции во напад, играњето на позиција лев бек сигурно ќе биде една од нив. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk