Радовиш продолжи со тројца од својата школа



Радовиш речиси ја има својата комплетна слика околу играчкиот кадар за следната сезона. Откако потпиша нови договори со неколку од своите поискусни играчи и го ангажираше пивотот Игор Трајковски како прво засилување, радовишани синоќа се пофалија со уште три старо-нови договори.

Кристијан Ристов - лево крило, Филип Трајанов - десно крило и левиот бек Здравко Постолов потпишаа договори со екипата на Радовиш. Сите тројца се играчи што потекнуваат од клубот и тоа им дава дополнителна тежина на овие нови трансфери. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk