Пензионери што би ја освоиле ЛШ

По денешните информации дека крај на ракометната кариера ставаа Денис Рутенка и полскиот ас Мариуш Јуркиевич, решивме да го составиме тимот што годинава кажа „крај“. 




Со секој во својот најдобар период, клубот на пензионери сезона 2019-20 е доволно добар да предизвика кого било во битка за шампионска титула. 
Има се во овој состав, борци, дефанзивци, креативци, бомбардери, двете најдобри крила во последната деценија, најдобриот голман..

Погледнете како изгледа тимот со играчи што годинава решија да ја завршат кариерата. Список што дополнително може да биде збогатен, но и осиромашен со оглед на тоа дека Абало, Ентериос и Јуркиевич се уште може да ги видиме на терен. 

Голмани: Арпад Штербик
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон, Иван Бровко
Лев бек: Ким Егдал ду Риц, Ваел Жалуз, Дамир Бичаниќ
Среден бек: Мариуш Јуркиевич, Мартин Штробел, Раул Ентрериос
Десен бек: Холгер Гландорф, Каспер Сондергард, Криштоф Лијевски, Асгеир Халгримсон
Десно крило: Виктор Томас, Лик Абало, Денис Рутенка
Пикер: Ренато Сулиќ, Михаел Кнудсен, Вигнир Сваварсон

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk