Франција има свој „Сукосјан“

Романката објави дека и следната сезона ќе стои на голот на францускиот Монкутан. Таа има полни 50 години




Кармен Букур е на добар пат да го стигне легендарниот руски голман Павел Сукосјан кој бранеше до 55-56 годишна возраст, а веќе го мина Тони Димоски од Прилеп кој на 50 години застана на голот на прилепчани. 


Кармен Букур е голманка родена во Романија, потекнува од клубот Рапид Букурешт. Потоа се пресели во Франција каде меѓудругото бранеше и во ЛШ во дресот на Мец. 

Сега настапува во Н1 лигата и со 50 години, на својот последен меч, со Миос Биганос имаше 22 одбрани и потоа првенството беше прекинато, а во меѓувреме таа беше прогласена за најдобар голман во Лигата. 
Нема намера да ја заврши кариерата и следната сезона ќе брани за Монкутан. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk