Рисови први си брендираа маска

Некогаш помалку е повеќе, малку е многу...



Заштитните маски за лице ќе станат секојдневие, култура на живеење. Барем за посовесните и кога кризата ќе заврши. Во Македонија воздухот често е загаден, маска нема да биде наодмет. 

Ракометните клубови ширум Европа веќе ги комерцијализираа. Свои маски по цена од 10 евра продаваат Кил и Флензбург, пет евра се на Вецлар...

Во Македонија заштитната маска не е дел од клупската опрема. Досега ниту еден клуб нема брендирано своја маска. 
Први се Рисови Скопје, ракометна школа која во соработка со родителите на децата што тренираат таму ракомет веќе испечати свои маски и веруваме дека го отвори патот и за другите екипи и клубови да се приклучат кон градењето на нова култура на живеење. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk