Голден Арт КЛ7 слави влез во Супер лига

Ракометната Федерација на Македонија на вчерашниот состанок на УО донесе одлука со која во македонската Супер лига ќе се натпреваруваат 16 клубови, наместо досегашната бројка од 12.
Со тоа во најсилната лига влегуваат најуспешните четири екипи од Првата лига. Mеѓу во најсилната лига по само две години постоење влехува КЛ7, од оваа година "Голден Арт КЛ7" . 

Целта на клубот кој од август 2019 стана нов ракометен субјект во Првата лига, беше влез во Супер лигата преку квалитетен тренажен процес и професионален развој на младите играчи. Стратегијата до која се држи и работи РК "Голден Арт КЛ7" е афирмација на млади македонски талентирани играчи, која покажа резултати во досегашниот дел од првенството.

Со овој чекор напред и учество во најсилната домашна лига ќе се засили и досегашната обемна работа, но и мотив за постигнување на повисоки резултати. Со ангажманот на талентираните млади домашни играчи, максимална посветеност и работа покажавме дека може и мора да се даде можност на нашите ракометари.

РК КЛ7се ребрендираше и во Супер лигата ќе настапува со ново име - РК "Голден Арт КЛ7".
Оваа промена доаѓа благодарение на најуспешната градежна компанијата во Македонија "Голден Арт", со чија помош се гради и овој клуб. Општествената одговорност во различни области "Голден Арт" ја покажува цели 15 години уште од своите почетоци, а во последните 5 години ја насочува и кон младите и спортот, како голем поддржувач на македонскиот ракомет. Со долгорочни цели поставени на здрави основи, дисциплина и континуирана професионална посветеност РК "Голден Арт КЛ7" продолжува во Суперлигата.

Да потсетиме, заради вонредната ситуација во светот а со тоа и во Македонија, РФМ беше приморан да го заврши првенството. При тоа одлучи да нема прогласување на шампион.
Сите посакуваме час поскоро животот да се нормализира и спортистите да се вратат онаму каде што припаѓаат, на терен во сала.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk