Малер играч: Се повреди без да игра

Норвежанецот Магнус Род е еден од најдобрите десни бекови во моментов. Но, Магнус Род има голема маана, пречесто е повреден. 



Норвеѓкиот ас на Флензбург, Магнус Род, повторно е повреден. Тој се повреди на ЕП 2020, не го доигра првенството, потоа беше на операција, а прекинот во корона сезоната му дојде добро за санирање на повредата. 

Но, вестите не се добри. При трчање со мал интензитет, нешто што е дозволиво во овој период, ја почувствувал истата болка како при моментот на повреда, јавува норвешката ТВ2. 

Можеби се работи само за „стрес“, а можеби повредата е обновена. Денеска би требалод а има повеќе детали.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk