Вардар и Еурофарм по Манадалиниќ, арно ама...

Отказот од Берлин е една од најдобрите работи што му се случија на хрватскиот бек. Сега си ја качува цената и брои понуди, а нив ги има од Франција до Белорусија



Отказ во време на корона и не мора да значи дека те снашло зло. Пример - Стипе Мандалиниќ. Хрватскиот бек се најде на трансфер листа откако Ласе Андерсон од Барса потпиша за Берлин, а корона беше сосема добро оправдание за раскин на договорот. 

Оттогаш Манадлиниќ е на радарот на повеќе екипи. Меѓу нив и на Еурофарм Пелистер и Вардар. 

Но, понуди за него има и Мешков Брест, има Минден, има ЧСМ Букурешт, има Тулуз. 

Какви се шансите на македонските екипи? Би рекле правопропорционално со длабочината на џебот. Односно, до бројката до која се спремни да испратат понуда. 

Следната недела ќе има дефинитивна одлука. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk