Најавеното засилување за битолчани, денеска беше официјализирано од клубот
Еурофарм Пелистер, денеска ја официјализираше најавата дека ракометарот Матео Мараш, десен бек од школата Метличиќ-Балиќ, е нивни нов ракометар.
Десниот бек има само 20 години висок е 202 снатиметри и досега добро се покажа во својата генерација (кадети, јуниори) во репрезентацијата на Хрватска.
Во исчекување на најавите дека во Битола ќе дојдат и звучни имиња, досега за Еурофарм Пелистер потпишаа Јосип Периќ, Марио Танкоски и Дејан Кукуловски.
Медиумски е најавен и пивотот од Хрватска, Томислав Кушан од Ла Риоха.